top of page

Наши најголеми успеси

Наполеон

Ова премило кутре го најдовме на 19.01.2013 во центарот на Велес.На голем верски празник кога 10 000 верници враќајќи се од фрлањето на крстот поминаа покрај него. Само 2-ца средношколци застанаа да се обидат да му помогнат. Еден час баравме човек кој ке сака да не префрли со кола до ветеринарната во Велес. Се појави човек кој во рок од 5 минути ја зема колата и не однесе, но бидејки немаше никој во ветеринарната моравме итно да го однесеме за Скопје. Таму мораше да му биде ампутирана ногата, бидејки кучето било во таа состојба неколку дена. Го крстивме Наполеон, бидејки и тој имал пократка нога што не го спречило да ѓи освои сите битки! Со помош на добрите луѓе кои што донираа парични средствана Наполеон целосно му се промени животот на подобро. На 19-ти Јуни тој замина во својот нов дом во Пенсилванија, Америка. 

Погледнете ја целата приказна за Наполеон низ фотографии.

Лаки

Малиот Лаки беше пронајден на денот кога се родил. Не знаеме што и како се случило за тој да остане сам и напуштен но ете ја имавме таа среќа да зврши кај нас и да му помогнеме да преживее. Лаки го храневме со млекце кое го купуваме од продавница за сточна храна. 

Бидејќи доста порасна не бевме во можност да го чуваме и почнавме да му бараме дом за Лаки каков што заслужува. Стапивме во контакт со Еколкошката фарма во Побожје,  Скопско и добивме прекрасни вести. На Лаки му се насмевна среќата.  

Лаки доби дом!

Ријана

Ријана ја најдовме во близина на бензиска пумпа во центар на град Велес. Не можевме да го оставиме ова најмило магаренце на улица. Веднаш дознавме дека повредите по целото тело, скршеницата на ногата, скршената вилица и раните по цело тело се резултат од тепање од неговите „ГАЗДИ“. Ни пишаа луге кои виделе како монструми крвнички го тепаат со летви. 

Привремено ја згриживме Ријана, и направивме инпровизирано живеалиште додека да и ги санираме повредите. Кога закрепна стапивме во контакт со Еколкошката фарма во Побожје,  Скопско и добивме прекрасни вести. На Ријана и се насмевна среќата.  

Ријана доби дом каков што заслужува!

Канон

Добивме порака од еден дечко кој не извести за куче кое 2-3 дена неподвижно лежи покрај патот. Деца се изживувале со него, а тоа 2 дена само квичело од болки. Она што беше очигледно на прв поглед беше дека Канон е прегладнет, изнемоштен и има искривени задни нозе. Вечерта го сместивме на сигурно и наредната ден го однесовме на ветеринар. Ренген снимките покажаа сериозни повреди и повеќе скршеници на карлицата , колкот.

Здраствената состојба на Канон се подобри после неколку месечно лекување и тој беше подготвен за нов дом. 

Денес Канон е среќно вдомен!

Ото

ОТО  беше удрен од автомобил, а потоа оставен од сопствениците речиси 1 месец во таа состојба. Кога дознавме за него веднаш отидовме да видиме како може да му помогнеме. Го однесовме на ветеринар и рентген снимките од рбетот покажаа  дека има скршеница на 4ти и 5ти пршлен. После ова знаевме дека Ото ќе остане парализиран на задните нозе. 

Додека траеше неговото лекување постојано бевме во потрага на негов дом. За наша и негова среќа ни се јави една девојка од Франција која сака да го вдоми Ото. Тогаш започнавме проверка на домот и потенцијалниот вдомувач, а понатаму и потребните документите за негово посвојување. 

Со Вашите донации успеавме да му купиме и инвалидска количка.

На крај се заврши како што посакувавме. 

Ото е среќно вдомен во Франција!

Бројач на посетеност

ДОНИРАЈ

Донации за итни случаи !

Вакцинација на кучиња и мачки
bottom of page