top of page

Протест против еутаназија на животните

 

На ден 14.09.2014 г. во Скопје, беше одржан мирен собир, прошетка со милениците по повод процедурата за носење нов Закон за заштита и благосостојба на животните и важноста истиот да биде унапреден во секој домен на заштитата на животните.  повеќе...

Одбележан 4-ти Април 2014 СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ

 

Денес по втор пат го одбележавме Светскиот ден на бездомните животни. Во центарот на градот барем за миг ги потсетивме граѓаните дека овој свет го делиме со други живи суштества кои ја заслужуваат нашата почит и љубов. Бездомните животни се постојано изложени на страв, малтретирања, стрес, ладни, жешко, глад, жед.... повеќе...

Втора шанса за нов живот за јагнето Лаки и магаренцето Ријана

 

Подготвени сме да соочиме со секој предизвик кој ќе ни го подготви нечовечноста на луѓето, спремни сме да покажеме како треба. СПРЕМНИ СМЕ НА ЗЛОТО ДА ВРАТИМЕ СО ДОБРО. И денес конечно успеавме да го смениме животот на едно мало јагне и едно магаренце засекогаш.  Маграенцето кое беше крвнички претепано и оставено конечно стигна во својот дом заедно со малото Јагне Лаки ,кое судбината го донесе во наши раце само кога имаше 1 ден. повеќе...

Трајно решавање на проблемот со бездомните животни

 

Ве известуваме дека здружението за заштита на животни „Гласот за Животните“ од Велес во соработка со здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди” од Скопје, „Анималиа“ од Охрид, „Animal World“ од Струга, и ,,Мали Херои” од Битола почнуваат со работа на проектот „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ“Бројот на бездомни животни постојано расте  повеќе...

Бројач на посетеност

ДОНИРАЈ

Донации за итни случаи !

Вакцинација на кучиња и мачки
bottom of page