top of page

   ВЕГАН ЗА ЖИВОТНИТЕ И ЗДРАВ ЖИВОТ 

Последниве неколку години, бројот на вегетеријанци е драстично зголемен. На еден начин може да се каже дека со тоа е зголемена свеста на луѓето, да не се хранат со месо и на тој начин делумно да го спречат убивањето на животните чие месо се користи за исхрана. Постојат повеќе хумани начини на исхрана:а) Вегетеријанство - е посебен начин на исхрана што, како што кажав, го исклучува месото од секојдневната исхрана. Вегетеријанците во светот се водат со фазата „месото е убиство“. Многу здруженија, како и ние, се залагаат за да се зголеми бројот на вегетеријанците и на тој начин да се спасат што е можно повеќе животи. б) Веганство –исхрана која целосно ги исклучува продуктите од животинско потекло (млеко, месо, јајца, сирење па дури и мед) и се практикува строго растителна исхрана. Луѓето често сметаат дека вегетеријанците неможат да ги надополнат бенефициите кои ги овозможува месото, но има многу начини за да се примат тие хранливи состојки од други производи како што се житарките, зеленчукот и мешунките.*Која вегетеријанска храна содржи протеини?Кои се најдобрите извори на протеини во вегетаријанската исхрана? Леќата, гравот, оревите и сојата се хранливи и богати со протеини, храна која им помага на вегетаријанците да останат здрави и да имаат урамнотежена исхрана. Никој не може да негира дека е многу важно да се консумира разновидна исхрана во текот на денот. Сепак, што треба да направите ако сте вегетаријанец? Кој е вашиот главен извор на протеини? Сигурно се согласувате дека протеинот е навистина суштински елемент кога станува збор за начинот на кој нашето тело функционира. Меѓутоа, според препораките познато ни е дека ни се потребни само 0,8-1 грам за секој килограм од нашата вкупна тежина, а тоа се должи на фактот дека растителните белковини се варат поинаку од животинските. Улогата на протеините во нашето тело е од исклучително значење бидејќи ги гради, одржува и ги обновува ткивата. Замислете си ги протеините како долг ѓердан направен од аминокиселини. Па, со цел да останеме здрави нам ни се потребни 22 аминокиселини од кои нашето тело може да создаде само 13. Ние можеме да ги примаме останатите девет од нашата исхрана.


повеќе на линкот http://avmacedonia.wix.com/veles#!untitled/c1ilg


 

Здрави и витки со веганска исхрана

Веганската исхрана се разликува од вегетаријанската, според тоа што вегетаријанците консумираат млечни производи и јајца, а веганите само храна од растително потекло. Затоа се поздрави и послаби, покажуваат статистиките. Со преоѓањето на вегански режим на исхрана, губитокот на телесната маса е уште едно позитивно делување.Веганската исхрана се темели на житарки, махунарки, овошје и зеленчук. Не се консумира месо (вклучувајќи ги рибата и морските плодови), јајца, млеко и млечни производи, па дури ниту мед. Повеќето вегани, исто така, ги избегнуваат производите кои се тестирани на животни, како и носењето облека и обувки од животинска кожа, крзно, свила или пердуви. Вегани се оние лица кои не консумираат ниту еден производ кој доаѓа од животните. Луѓето стануваат вегани поради мнгу причини, меѓу кои, дека животните не треба да бидат искористувани и убивани за да ги консумираат луѓето, а други пак, поради грижата за околината или поради здравствени причини.

Често поставувани прашања во врска со веган исхраната: 

Што би јаделе?

Постојат многу вкусни вегански порции, како на пример: индиската и кинеската кујна содржат изобилство од веган рецепти, шпагети, сендвичи, паста, супи и разни десерти.
Не треба да бидете гениј во кујната за да приготвите веган оброк, се приготвува брзо и едноставно. Можете да вклучите печени компири во растително масло, сосови, буритос.


Дали веган начинот на исхрана е скап?

Не повеќе од било која друга храна. Веганските оброци во рестораните се секогаш поефтини од оброците кои што содржат продукти од животинско потекло

Дали треба да конзумирате дополнителни продукти при веган исхрана?
Ако веќе сте се решиле за исхрана од овој тип, треба да внесувате специфично вегански дизајнирани додатоци кои содржат витамин B12 и витамин D, бидејќи овие витамини, за жал не се внесуваат во доволни количини со веганската исхрана.

Ќе ми недостасува пица, чоколадо, сирење, сладолед, торта!

Ова можеби е и главниот проблем со кој се соочуваат луѓето кога преминуваат од стандардна на веган исхрана. На пазарот присутни се вегански верзии и алтернативи за повеќето од претходно конзумираните продукти, сепак и не се откажувате од саканата храна, само малку ја модифицирате.

 

Бројач на посетеност

ДОНИРАЈ

Донации за итни случаи !

Вакцинација на кучиња и мачки
bottom of page