top of page

За Нас

Здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ (ANIMALS' VOICE) е здружение на граѓани создадено за да ги поттикне граѓаните за нивна заложба и јавна борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот.
Главна цел е да влијаеме и да успееме да ја промениме човековата свест преку информирање на граѓаните за животните и нивната природа– да му покажеме на општеството во кое живееме дека животните се битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи суштества што чувствуваат имаат право на живот и слобода. Цел на „Гласот на животните„ е укинување на сите облици на злоупотреба, мачење и експлоатација на животните од страна на луѓето.

 

1. Здружението е насочено кон укинување и забрана на:
– Убивањето и мачењето на животните без разлика која е целта за тоа. Кланици, лов и риболов, експерименти над животните, одгледување на животните за потребите на сите видови индустрија, искористување на животните од забавни потреби (циркуси, зоолошки градини, хиподроми и сл.) и останати себични човечки потреби.
2. Здружението ќе се залага и за:

– Заштита на напуштените и бездомни животни, овозможување на соодветна помош и обезбедување на нивно сигурно сместување;

– Заштита на сите животни во поединечни случаи на измачување и суровост;

– Заштита на загрозените и заштитени видови во нивната природна средина, како и заштита на видовите кои се дел од трговија и загрозување;
– Промовирање и посочување на вегетаријанство и, пред сѐ, веганство како етички и еколошки одржлив животен стил, едуцирање за вегетаријанството и веганството како здрави облици на исхрана;
– Едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата;
– Подигање и развивање на еколошката свест и заштита на животната средина.

 

Притоа:
а) Ќе дејствуваме и ќе ја шириме свеста за поврзаноста помеѓу човекот и животните и за нивната вистинска природа како суштества што чувствуваат болка и страв;
б) Ќе организираме едукативни кампањи со кои низ информирање и дружење ќе влијаеме врз свеста за заштитата и правата на животните и нарушувањето на тие права:
– организираме јавни дебати и трибини
– дејствуваме преку медиуми
– дистрибуираме пропагандни материјали
– организираме мирни протести
– организираме потпишување петиции и пишување на протестни писма;

в) Ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за состојбата на животните;
г) Ќе се заложиме за кривично гонење на поединци, групи или институции одговорни за кршење на законите кои ги штитат животните;
д) Со своето дејствување ќе го поддржуваме донесувањето закони кои на животните им гарантираат слобода на живот и слобода според нивниот вид;
ѓ) Ќе информираме и лобираме на градско, државно и интернационално ниво со цел да се слушне прифати и соодветно организира заштитата на животните;
е) Ќе соработуваме со локални, национални или меѓународни организации со кои имаме исти цели и делиме исти заложби.

 

СЕКОГАШ СО НАС...

ФЛАФИ=ЉУБОВ

Цел живот слушаме приказни за добра ноќ, но оваа приказна е за БУДЕЊЕ ! Доста е спиење! РАЗБУДЕТЕ СЕ !!!Отворете ги очите веќе еднаш! секогаш кога нешто лошо се случува замижувате-но тоа не помага, бидејќи злото околу нас се случува дури и кога одбиваме да знаеме за него!Ова е приказна за ФЛАФИ, бидејќи секој залужува да знае за него!На листата на херои кои ги величите секој ден запишете и запамтете уште едно име Ф-Л-А-Ф-И !Флафи е кучето кое откако се разболело било напуштено. на -20*С го најдовме на улица, без сила, само коски и кожа и 4литри вода во мешето. 3 месеца не можеше да застане на нозе, 3 месеца немаше пуштено глас...Кога сите не убедуваа дека нема надеж за него, ние во неговиот поглед најдовме сила да се бораме за него. Испитувања во Скопје, Лекови, Посебна храна, покривање кога е ладно, инфузии, непреспани ноќи- НИШТО НЕ БЕШЕ ТЕШКО- НИЕ СЕ БОРЕВМЕ, НО И ТОЈ ЗАЕДНО СО НАС.. На неговите први чекори се радувавме како што вие се радувате на првите чекори на вашите деца, на првото лаење како на првиот збор на мало невино бебе. Всушност Флафчо беше тоа - мала невина душа со единствена моќ- да ви го разубави денот, дури и кога животот нема смисла. Флафи за нас беше исто толку важен како што се апаратите за одрување во живот за луѓето во кома! ТОЈ БЕШЕ ЖИВОТ! Флафи имаше нешто што многу малку луѓе го имаат -ХРАБРОСТ. Храброст да се бори и да ПОБЕДИ! Тој победи многу болести и еднаш ја победи смртта, за денес да биде убиен од човечка рака. Отруен да се мачи ! Денес не го убија само Флафи, туку и дел од нашата душа. Тој дел умре со него. Но добро е што го имавме него 10 месеци во нашиот живот за да не научи на ЉУБОВ , а со тоа ја зголеми нашата душа... и сега со делот кој ни останува ќе се бориме до последен здив против злото кое им се прави на животните.. најчесто труење! а првиот чекор од таа борба ДА ВЕ РАЗБУДИМЕ СИТЕ ВАС... ВАШИОТ и НАШИОТ глас против ова е најсилното оружје -ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!

Бројач на посетеност

ДОНИРАЈ

Донации за итни случаи !

Вакцинација на кучиња и мачки
bottom of page