top of page

Вегетеријанство и Веганство

Последниве неколку години, бројот на вегетеријанци е драстично зголемен. На еден начин може да се каже дека со тоа е зголемена свеста на луѓето, да не се хранат со месо и на тој начин делумно да го спречат убивањето на животните чие месо се користи за исхрана.

 

Постојат повеќе хумани начини на исхрана:


а) Вегетеријанство - е посебен начин на исхрана што, како што кажав, го исклучува месото од секојдневната исхрана. Вегетеријанците во светот се водат со фазата „месото е убиство“. Многу здруженија, како и ние, се залагаат за да се зголеми бројот на вегетеријанците и на тој начин да се спасат што е можно повеќе животи.

 

б) Веганство –исхрана која целосно ги исклучува продуктите од животинско потекло (млеко, месо, јајца, сирење па дури и мед) и се практикува строго растителна исхрана.
 

Луѓето често сметаат дека вегетеријанците неможат да ги надополнат бенефициите кои ги овозможува месото, но има многу начини за да се примат тие хранливи состојки од други производи како што се житарките, зеленчукот и мешунките.

*Која вегетеријанска храна содржи протеини?

Кои се најдобрите извори на протеини во вегетаријанската исхрана? Леќата, гравот, оревите и сојата се хранливи и богати со протеини, храна која им помага на вегетаријанците да останат здрави и да имаат урамнотежена исхрана. 

Никој не може да негира дека е многу важно да се консумира разновидна исхрана во текот на денот. Сепак, што треба да направите ако сте вегетаријанец? Кој е вашиот главен извор на протеини? Сигурно се согласувате  дека протеинот е навистина суштински елемент кога станува збор за начинот на кој нашето тело функционира. Меѓутоа, според препораките познато ни е дека ни се  потребни  само 0,8-1 грам за секој килограм од нашата вкупна тежина, а тоа се должи на фактот дека растителните белковини се варат  поинаку од животинските. 

Улогата на протеините во нашето тело е од исклучително значење бидејќи ги  гради, одржува и ги обновува ткивата. Замислете си ги протеините  како долг ѓердан направен од аминокиселини. Па, со цел да останеме здрави нам ни се потребни 22 аминокиселини од кои нашето тело може да создаде само 13. Ние можеме да ги примаме останатите девет од нашата исхрана. Но, кои се најдобрите извори на протеини во вегетаријанската исхрана? 

1.   Соја
Ако постои една посебна храна што може да биде речиси еднаква на  месото, според  количеството на протеини, тоа е сојата. Соините зрна се извор на комплетни протеини бидејќи ги содржат  сите есенцијални аминокиселини и затоа е здрав избор за вегетаријанци и вегани. Не може а да не се спомене дека производите  од соја можат да бидат навистина вкусни. Размислете за млеко од соја, соја  сос, тофу, мишо, леб, житарки, соја хамбургери и хотдог во кои е искористена  сојата како успешна замена за месо. Сојата е одличен извор и на други важни хранливи материи како што се влакна, витамин Б, и омега-3 масни киселини. 

2.   Јаткасти плодови

Јаткастите плодови  се неверојатен  извор на белковини и здрави маснотии. Бадемите, индиските ореви, кикиритките, лешниците и оревите се богати со витамини и минерали, не содржат холестерол и штитат од срцеви заболувања. Кога станува збор за протеините, бадемите  и лешниците го содржат антиоксидансниот  витамин  Е, оревите ги содржат есенцијалните Омега-3 масни киселини, додека индиските ореви содржат магнезиум и железо. 

3.   Овошје
Растителните извори на протеини можат да обезбедат адекватни количини на есенцијални аминокиселини, ако се консумира различна растителна храна и ако енергетските потреби се задоволени. Исхраната богата со овошје заштитува од болести на срцето. Овошен плод кој мора да се потенцира е авокадото бидејќи е овошје со високо ниво на моно-незаситените „добри“ масти и е полно со витамини, минерали и антиоксиданси. Она што е уште поважно е тоа што авокадото ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои му се потребни на човечкото тело. Затоа, тоа е паметен избор за луѓе кои се во потрага по извори на протеини во нивната вегетаријанска исхрана.

4.   Зрнест зеленчук
Има повеќе видови зрнест зеленчук, а најважни се гравот, леќата и грашокот. Тие претставуваат вредни дополнувања на вегетаријанска исхрана. Богати се со комплексни јаглени хидрати, витамини и минерали, скроб  и се добар извор на протеини. Само една чаша грав обезбедува 15 грама протеини. Сепак, тие мора да бидат во комбинација со комплементарни протеини како што се оревите, семките, оризот, со цел да станат комплетни  протеини кои ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини.

5.   Житарки
Вегетаријанската исхрана не би била комплетна без житарките. Видови на житарки се овес, јачмен, ориз, 'рж, просо, пченица. Сите тие имаат високо ниво на протеини и аминокиселини. Овие зрнести плодови можат да се најдат во различни видови на храна. Ако ги сакате цели, ќе ги најдете во тестенините и лебот. Многу луѓе житарките ги јадат за појадок како цереали. Најдобро е да изберете да ги консумирате како 100% цели зрна, кога ја правите селекцијата на храната, за да се избегнат оние кои се премногу обработени.

6.   Семки
Семките се добри додатоци за салати или само како ужинка. Сусамот, семките од тиква и сончогледот се одлични извори на протеини. Лененото семе, освен што е одлично како додаток во појадокот од житарки и е полно со протеини, тоа исто така е извор на омега масни киселини.

7.   Млеко, сирење и јајца (за вегетеријанците)
За вегетаријанците,млекото, сирењето и јајцата претставуваат одлични извори на протеини. Покрај тоа, млечните производи и јајцата се исто така богати со калциум и витамини. Јајцата се еден од најдобрите извори на протеини и жолчката од јајце содржи 90%  калциум, железо, фосфор, цинк, витамини Б6 и Б12.

 

Како да почнете со вегетеријанска исхрана?
*На луѓето им е тешко целосно да го исфрлат месото од исхраната,најмногу поради стекнатите навики и потреби. Потребен е подолг период за да се надмине желбата за месото. На пример, многу луѓе најпрво почнуваат да ја намалуваат количината на внесување на месо и извесен период се хранат само со пилешко и со риба, а потоа со тек на времето, ги исфрлаат и тие.
Не треба да чувствувате притисок од било кој за да го почнете овој стил на живот. Треба самите да сте свесни и самите да ја донесете таа одлука. Да бидете упорни и издржливи. Да имате цврста причина зошто сте се решиле за таков чекор, и да бидете упорни. 
Важно е да најдете многу рецепти, за да не ви стане монотона исхраната. Експериментирајте, секоја недела гответе нешто различно. Гответе ги и вашите стари рецепти, но овој пат без месо се разбира. Ако се одлучите да бидете веган, не се откажувајте веднаш од млечните производи и јајцата. На пример пробајте да јадете помалку калорично сирење или јогурт и тоа во помали количини. Можете да применувате и млеко во прав пред сосема да го искорените од вашата исхрана. 
Следен чекор е да ја споделите вашата одлука со најблиските. Не би сакале да навредите некој доколку зготви месо специјално за вашето доаѓање и вие да одбиете.

Бенефиции:
*Превенција од дијабетес вид 2
*Здрава кожа
*Намален ризик од рак 
*Се храните без хемикалии
*Се храните со хранакоја не содржи хормони
*Имате повеќе енергија
*Помал крвен притисок
*Намалена телесна тежина
*Подобрена дигестија
*Намален ризик од труење со храна
*Трошите значитечно помалку парични средства
*Внесувате храна без токсини
*Го редуцира страдањето
*Здрави амино киселини
*Намалени телесни масти
*Продолжен животен век
*Вреднување на пообични вкусови
*Здраво ниво на холестерол
*Чиста совест! 

 

Се надеваме со овој мал текст дека ви помогнавме да донесете правилна одлука или барем да размислите за тоа како би било кога би имале моќ да спасите живот на некое невино суштество.

Бројач на посетеност

ДОНИРАЈ

Донации за итни случаи !

Вакцинација на кучиња и мачки
bottom of page